Македонија
Предлогот за нова влада во Собрание
18.06.2024 13:10
Новиот состав на владата се очекува да биде доставен до парламентот. Мандатарот Мицкоски ќе го достави предлогот, а собранискиот спикер се очекува да ја закаже седницата за избор на новата влада в сабота …
Предлогот за состав на новата влада и програмата ќе бидат доставени до Собранието, додека гласањето се очекува следниот викенд. Веќе од наредната недела се очекува новите владини членови да ги преземат функциите. Владата ќе има прв вицепремиер и уште четворица други заменик-премиери. Повеќе на оваа тема од Марина Стојанова-Тонева.
