Македонските винарии се закитија со 162 награди на 13-от Балкански меѓународен натпревар и фестивал за вино
Дополнително македонските винарии на овој натпревар освоија 3 двојни злата, 47 златни медали, 69 сребрени медали и 40 бронзени медали.

Во силна винска конкуренција со над 1.200 вински етикети презентирани од винариите на 16 држави учеснички, македонските винарии на 13 Балкански меѓународен натпревар и фестивал за вино освоија вкупно 162 награди.
Трофеј за органско вино освои Винарија Брзанов, Винаријата Лазар освои трофеј за домоделно бело, а трофеј за најдобро регионално вино освои Винарија Илиев. Дополнително македонските винарии на овој натпревар освоија 3 двојни злата, 47 златни медали, 69 сребрени медали и 40 бронзени медали.
Македонски семејни винарии и на овој вински натпревар се покажаа во одлично издание, оправдувајќи ја поддршката која во својот развој ја имаат од државата, освојувајќи 81 награда што е половина од вкупната бројка на наградени македонски вина, соопштуваат од Министерството за земјоделство.
