ЏАЈКА влегува во проектот за санација на колекторскиот систем во Охрид
Експертите од ЏАЈКА предлагаатитно подобрување на системот, поправка и рехабилитација на оштетените цевки, надградба на инфраструктурата, воведување нови технологии, изготвување на база на податоци...

Јапонска помош за колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро. Нивната агенција за меѓународна соработка ЏАЈКА, која веќе направи студија и испитувања на проблемите на системот, ќе го поддржи целиот проект.
„Добивме уверување дека ќе не поддржат во еден од најзначајните проекти, а тоа е доизградба на колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро. Обезбедивме поддршка за финансирање на физибилити студијата, а потоа ќе следи главниот проект и изградба на колекторскиот систем“, изјави Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.
Експертите од ЏАЈКА предлагаатитно подобрување на системот, поправка и рехабилитација на оштетените цевки, надградба на инфраструктурата, воведување нови технологии, изготвување на база на податоци...
„Охридското езеро привлекува многу туристи, но на колекторскиот систем е потребно итно да му посветиме внимание. Се работи за област каде можеме и сакаме да соработуваме, а на средбата со вашиот премиер и министри разгледувавме и други можности за соработка, во делот на стипендиите и дипломатијата“, рече Хидеаки Домичи, потпретседател на ЏАЈКА.
ЏАЈКА е еден од најголемите донатори во Македонија, вклучена во изградбата на хидросистемот „Злетовица“ и во проектите за модернизација на македонското здравство. На средбата со владиниот економски тим било разговарано и за финансирање на проекти од инфраструктурата, за позасилена економска соработка, но и зголемување на нивото на јапонски инвестиции во земјава.
Мартин Пушевски
