Приемните испити создаваат стрес кај учениците
Од четврток до вторник до 15 часот ќе се спроведува првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година. Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули до 15 часот. Пријавувањето е преку линк до порталот за електронски услуги на МОН…

Приемните испити во средните училишта и универзитетите создаваат стрес кај учениците. Доколку има квалитетно основно и средно образование нема да има потреба од повторно испитување, за да се потврди дека знаењето што го стекнале учениците е легитимно, смета психологот Пендаровски. Доколку се распореди во текот на целата година, на тој начин стресот ќе се намали.
„Треба да се обрне внимание на системски решенија на самото основно и средно образование и ако се подобри тој квалитет, а тоа опфаќа комплексни прашања од аспект на спремност на наставен кадар и свесност на учениците, улогата на родителите … тогаш можеби оваа форма на испитување или предтестирачки стресови, ќе биде намалена“, вели психологот Мирослав Пендаровски.
Првото електронско пријавување на учениците за уписи во средите училишта ќе биде од 20 до 25 јуни 2024 година до 15.00 часот, додека второто пријавување е на 1 и 2 јули до 15:00 часот.
Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на министерството e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.
Ана Јосифоска-Тодоровска
