Здравство

„Астра Зенека“: Новиот лек за рак на дојка „Трукап“ не ги исполни своите цели

18.06.2024 16:26

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ денеска соопшти дека новиот лек за рак на дојка „Трукап“ (Truqap), во комбинација со хемотерапиското средство „Паклитаксел“, не ги исполнил своите главни цели во доцната фаза на испитување во однос на подобрувањето на целокупното лекување кај пациенти со некои видови рак на дојка...

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ денеска соопшти дека новиот лек за рак на дојка „Трукап“ (Truqap), во комбинација со хемотерапиското средство „Паклитаксел“, не ги исполнил своите главни цели во доцната фаза на испитување во однос на подобрувањето на целокупното лекување кај пациенти со некои видови рак на дојка.

Испитувањата, познати како „КАПИтелло-290“ (CAPItello-290), проучуваа дали комбинацијата на лекови ќе го подобри целокупното преживување кај пациенти со неоперабилен или метастатски тројно-негативен рак на дојка во споредба со постариот и поевтин лек за хемотерапија – „Паклитаксел“, а комбиниран со плацебо. 

Студијата, се вели, не успеа да ги исполни своите цели ниту кај целокупната пробна популација, ни кај подгрупата на пациенти со тумори коишто носат специфични промени на биомаркерите.