МВР. Приведени повеќе лица поради групна тепачка на подрачјето на Карпош
На 17.06.2024 во СВР Скопје било пријавено дека во 22.30 часот на подрачјето на Карпош, поради нарушени меѓусоседски односи, настанала физичка пресметка помеѓу Ф.Ј.(22), Б.Ј.(39) и тројца малолетници од една страна и Е.Г.(52), Г.Г.(23) и Х.Т.(29) од друга страна, сите од Скопје, при што биле употребени тврди и метални предмети

На 17.06.2024 во СВР Скопје било пријавено дека во 22.30 часот на подрачјето на Карпош, поради нарушени меѓусоседски односи, настанала физичка пресметка помеѓу Ф.Ј.(22), Б.Ј.(39) и тројца малолетници од една страна и Е.Г.(52), Г.Г.(23) и Х.Т.(29) од друга страна, сите од Скопје, при што биле употребени тврди и метални предмети, информираат од МВР.
Подоцна било пријавено дека околу 01.55 часот во Ургентниот центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека Д.Ј.(52) со роднините С.Ј.(25) и И.Д.(38) чекал резултати за неговиот повреден син во претходната пресметка, биле физички нападнати од Е.Г.(52), Б.С.(43), А.С.(48), Б.С.(44) и И.Г.(36), при што употребиле метални и тврди предмети.
Набргу, по преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Центар ги лишиле од слобода Е.Г., Б.С., А.С., Б.С. и И.Г. Додека, во Полициската станица Карпош биле приведени Ф.Ј. и Б.Ј. и тројцата малолетници. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението на МВР.
.
