Либан не сака ескалација на конфликтот со Израел
Либанскиот премиер Наџиб Микати, денеска, по разговорите со американскиот специјален пратеник Амос Хохштајн во Бејрут, изјави дека Либан не сака ескалација на конфликтот со Израел,..

Либанскиот премиер Наџиб Микати, денеска, по разговорите со американскиот специјален пратеник Амос Хохштајн во Бејрут, изјави дека Либан не сака ескалација на конфликтот со Израел, наведувајќи дека е неопходно да се запре тековната израелска агресија врз Либан и да се обноват мирот и стабилноста на јужната либанска граница објави либанската државна новинска агенција.
„Продолжуваме да се трудиме да ја запреме ескалацијата, да ја вратиме безбедноста и стабилноста и да ставиме крај на тековните прекршувања на либанскиот суверенитет извршени од Израел“, рече Микати.
Микати истакна дека континуираните израелски закани за Либан нема да го спречат Бејрут да продолжи да се ангажира во воспоставувањето мир како приоритет.
Хохштајн, кој е специјален пратеник на американскиот претседател Џозеф Бајден, рече дека го посетил Израел, а потоа и Либан поради сериозната ситуација на либанско-израелската граница, пренесе Ројтерс.
