Свет

Проруски хакери објавија лични податоци на украински оператори со дронови

18.06.2024 20:02

Хакерската група RaHDit, која на западот се доведува во тесна поврзаност со Кремљ, објави на социјалните мрежи лични податоци за повеќе од 1.200 оператори на беспилотни летала кои се ангажирани за украинските вооружени сили...

Хакерската група RaHDit, која на западот се доведува во тесна поврзаност со Кремљ, објави на социјалните мрежи лични податоци за повеќе од 1.200 оператори на беспилотни летала кои се ангажирани за украинските вооружени сили.

Како што се објаснува во објавата, наводно станува збор за целата кадровска структура на припадниците на 383-от специјален полк за далечинско управување со летачки апарат на вооружените сили на Украина.

Оваа единица на украинската војска, според рускиот Истражен комитет, учествува во нападите на руската територија, како и на аеродромот во Шајковка во Калушката област, во Дијагилемво во Рјазнаската овласт и Енгелс во Саратовскиот регион.

Според руските медиуми, меѓу операторите со украинските дронови идентификувани од хакерите се наоѓаат лица кои се осудени за насилство и злоупотреби на деца и сексуални настраности и неонационалисти.