Иран
Разорен земјотрес го погоди Иран, има загинати и повредени
18.06.2024 20:41
Земјотресот бил регистриран во 13 часот и:24 минути по локално време во североисточниот град Кашмар, изјави локалниот гувернер Хојатола Шаријатмадари за државната телевизија...

Најмалку четири лица загинаа, а 120 се повредени во денешниот земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди градот Кашмар во североисточниот дел на Иран, јавија државните медиуми.
Земјотресот бил регистриран во 13 часот и:24 минути по локално време во североисточниот град Кашмар, изјави локалниот гувернер Хојатола Шаријатмадари за државната телевизија.
Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.
