Правосудство

Свечена изјава на новоизбраните членови на Судскиот совет Лимани и Камбовски пред Гаши

19.06.2024 08:58

Новоизбраните членови на судскиот совет Лимани и Камбовски денеска ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието Африм Гаши...

Новоизбраните членови на судскиот совет Лимани и Камбовски денеска ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието Африм Гаши. Судијата од Врховниот суд Лимани и судијата од Апелационен суд-Битола, Камбовски беа избрани на 6-ти јуни годинава откако судиите гласаа за кандидатите од своето апелациско подрачје.

За Лимани гласаа седуммина судии, а Камбовски беше избран за член на Судскиот совет со вкупно освоени 28 гласа. Согласно со Законот за судски совет членовите на советот од редот на судиите имаат мандат од шест години, со право на уште еден избор по истекот на најмалку шест години од престанокот на претходниот мандат во Судскиот совет.