Корејски Полуостров

Путин: Русија и Северна Кореја ќе потпишат „фундаментален“ документ за продлабочување на соработката

19.06.2024 09:11

Рускиот претседател Путин пристигна во прва посета на Северна Кореја по 24 години, ветувајќи дека ќе ги подобри трговските и безбедносните врски со земјата и дека ќе ја поддржи во односите со САД...

Рускиот претседател Путин пристигна во прва посета на Северна Кореја по 24 години, ветувајќи дека ќе ги подобри трговските и безбедносните врски со земјата и дека ќе ја поддржи во односите со САД. Белата куќа изрази загриженост поради зајакнувањето на односите меѓу двете земји. Стејт департментот соопшти дека Путин ќе побара оружје за војната во Украина. Москва и Пјонгјанг негираат трансфери на оружје, но ветија дека ќе ги зајакнат воените врски.

„Русија и Северна Кореја се поврзани со силно пријателство многу децении. Интеракцијата меѓу нашите земји се заснова на принципите на еднаквост и заемно почитување на интересите на едни со други. Минатата година, како резултат на вашата посета на Русија, постигнавме значителен напредок во градењето на нашите вистински меѓудржавни врски. Денес е подготвен нов фундаментален документ, кој ќе ја формира основата на нашите односи на долг рок“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.