МВР: 102 санкционирани возачи во Скопје
На територија на град Скопје изречени се вкупно 102 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, две мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет санкции за користење мобилен телефон при возење.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 102 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, две мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет санкции за користење мобилен телефон при возење.
Изречени се 10 мерки за некористење сигурносен појас, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.
