Секој втор викен бесплатен превоз со железница за пензионерите
30.06.2014 16:54
Мерката овозможува втор календарски викенд во тековниот месец, односно петок, сабота и недела, пензионерите, односно жените постари од 62 години и мажите постари од 64 години да го користат железничкиот транспорт бесплатно и тоа за дестинацијата која ќе ја изберат...

Секој втор викенд од месецот почнувајќи од јули пензионерите, односно жените постари од 62 и мажите постари од 64 години ќе можат бесплатно да патуваат со воз. Тие на билетарите ќе треба да приложат само лична карта и ќе добијат бесплатен билет со патничко осигурување.
Ова е новата мерка која Владата ја донесе на првите седници по формирањето, а која денеска пред преставниците на Сојузот на здруженија на пензионерите ја образложија министрите за труд и социјална политика и за транспорт и врски Диме Спасов и Миле Јанакиески, и директорот за АД Транспорт Оливер Деркоски.
Мерката овозможува втор календарски викенд во тековниот месец, односно петок, сабота и недела, пензионерите, односно жените постари од 62 години и мажите постари од 64 години да го користат железничкиот транспорт бесплатно и тоа за дестинацијата која ќе ја изберат. Утре Сојузот од АД Транспорт ќе направат флаери кои ќе биде дистрибуирани до сите здруженија на пензионери со цел да се информираат како да го искористат превоз, рече министерот Јанакиески.
Министерот за труд и социјална политика по средбата истакна дека со оваа мерка дополнително се подобруваат условите за живот на пензионерите и старите лица најавувајќи дека таквата политика на Владата ќе продолжи и во иднина.
