МВР

Приведен криминалец баран со потерница

19.06.2024 09:52

Бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд- Скопје, за затворска казна од една година, поради сторено кривично дело по чл.235 ст.1 од КЗ на РСМ...

Денеска во 08.45 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје на ул. „Ѓорѓи Димитров“ во Скопје, на територија на општина Кисела Вода, го лишија од слобода В.С. (46) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд- Скопје, за затворска казна од една година, поради сторено кривично дело по чл.235 ст.1 од КЗ на РСМ.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа, соопштуваат од МВР.