Лекарите од Скопските клиники ќе ја контролираат работата на колегите од внатрешноста

30.06.2014 16:57

Оваа нова законска мерка подразбира за 10 % од случаите во специјалистичките ординации во болниците и во поликлиниките задолжителнода извршат консултација со лекар од иста специјалност од Универзитетските клиники. Тоа ќе го прават со помош на телемедицина односно линк меѓу двајцата доктори во текот на прегледот пред пациентот или пак подоцна ...

Доколку специјалистот од секундарно ниво има дилема во однос на дијагнозата, истражувањат лекувањето ќе побара помош од колегата, а со тоа се врши евалуација на знаењето и вештините на лекарите. Еднаш месечно мора да дадат рапорт во Министерството за здравство за  да имаат увид дали е успешна контролата. За почеток лекарите Велес ќе контактираат преку аудио визуелна врска со колегите од ГОБ 8- ми септември, а лекарите од Болницата во Струмица и трите клинички болници во Тетово,Битола и Штип со колегите од Универзитетските клиники. Станува збор за воведување нова метода за внатрешно следење и унапредување на квалитетот на здравствената заштита во вршењето на дејноста во јавните здравствени установи, кој постои во сите развиени системи и го користат сите големи болници во Европа.

Министерот за здравство Никола Тодоров појасни дека со оваа мерка се  овозможува поголем број пациенти да останат во здравствените установи на секундарно ниво и тие да не се препраќаат за работи кои можат да се решат на секундарно ниво.

„Доколку за некоја работа нема услови, кадар, доволно искуство има мал волумен интервенции, нема никаков проблем тие да бидат препратени на терциерно ниво и таму да биде дадена здравствената услуга која е потребна. Методата е првенствено фокусирана на унапредување на нивото на здравствена заштита за граѓаните на секундарно ниво. Особено е значајно што притоа се користи современа комуникациска опрема со која што веќе располагаат ЈЗУ“, рече Тодоров.

Овој тип на комуникација меѓу здравствените работници од секундарно и терциерно ниво како што укажа министерот, треба да прерасне во рутинска комуникација, со што ќе се овозможи редовна консултација за определени случаи и ќе се избегне непотребно упатување на пациентите во Универзитетските клиники, доколку постојат реални можности конкретната здравствена услуга да ја добијат во сопственото место на живеење или во најблиската здравствена установа од секундарно ниво.

Соња Стојановска