19-годишно момче загина во сообраќајка во кумановско
19-годишник од кумановско загина во сообраќајна несреќа која се случила вчера...

19-годишник од кумановско загина во сообраќајна несреќа која се случила вчера.
-На 18.06.2024 во 17.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Липково, во село Оризаре, липковско, патничко возило „опел зафира“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(21) од секо Никуштак, општина Липково, излетало од коловозот, информираа од полицијата.
Оттаму додаваат дека во несреќата од здобиените повреди на местото починал сопатникот Р.А.(19) од село Никуштак, а лекар од Здравствен дом Липково констатирал смрт. Возачот Р.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
