Почина новороденче, причините не се познати
Поради компликации, од Клиничката болница во Битола бебето било упатено на Клиниката за детски болести во Скопје, од каде велат дека бебето било донесено во клиниката без знаци на живот.

Новородено бебе починало на пат од битолската болница кон детската клиника во Скопје. Поради компликации, од Клиничката болница во Битола бебето било упатено на Клиниката за детски болести во Скопје, од каде велат дека бебето било донесено во клиниката без знаци на живот.
На 15 јуни 2024 година, сабота, во 16.55, пристапи новородено машко во Клиничката болница-Битола без срцева акција и дишење. Веднаш се пристапи кон реанимациска постапка по протокол, но без одговор на истата. Констатиран „exitus letalis“ по што е вратено со екипа на медицински транспорт во матичната установа. Станува збор за новородено, старо 30 часа, породено со царски рез во 38-ма гестациска недела, родилна тежина 3.620 грама и оценка на раѓање, АПГАР 5/7/7. Новороденото е препратено поради респираторен дистрес, со болничко возило, во придружба на педијатар, велат од Детската клиника.
