Европската комисија ќе им помогне на бугарските банки со 1,5 милијарди евра
На барање на Софија, со кредит од над една ипол милијарда евра, Европската комисија ќе им помогне на бугарските банки. Тие беа жртва на обид за дестабилизација на банкарскиот систем и рекорден одлив на депозитите од 400 милиони евра.
„Нема опасност за нашиот банкарски систем. Беа преземени итни мерки кои ја гарантираат стабилноста и заштитата на депозитите“, изјави Петар Чобанов, министер за финансии на Бугарија.

Полицијата уапси пет лица кои ширеле гласини дека банките се пред банкрот. Ова се случува пред распишувањето предвремени избори на 5 октомври.