Отворен нов производствен погон во ТИРЗ Тетово
Во Технолошко-индустриската зона, почнува да работи вториот производствен погон на фабриката „Киел Македонија“. Мандатарот Христијан Мицкоски на бизнисот му порача дека идната влада во првите 100 дена ќе ги намали даноците на профит, а мерката значително ќе помогне на стопанството.

Во новиот производствен капацитет на „Киел Македонија“ ќе се произведува седишта за автобуси и возови, чии компании се обраќаат низ европските земји.
Моментално компанијата работи во делот на сечење, шиење, тапацирање и монтажа, а во новата фабрика, делот на производството ќе се збогати со заварување и фарбара.
Мандатарот Христијан Мицковски најави поддршка за ваквите компании, зголемување на работните места, а со тоа и извозот.
„Киел Македонија“ постои повеќе од 75 години во 8 земји. Компанијата го задржи приматот на најголем производител на седишта за возови и автобуси во Европа.
Зоран Димовски
