Канцеларијата за човекови права

ОН: Израел можеби ги прекршил законите за војна

19.06.2024 20:07

Израелските сили можеби повеќе пати ги прекршиле основните принципи на законите за војна и не успеале да направат разлика меѓу цивилите и борците во нивната воена кампања во Појасот Газа, соопшти денеска Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации...

Израелските сили можеби повеќе пати ги прекршиле основните принципи на законите за војна и не успеале да направат разлика меѓу цивилите и борците во нивната воена кампања во Појасот Газа, соопшти денеска Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации

Во извештајот за проценка на шест израелски напади кои резултираа со голем број жртви и уништување на цивилна инфраструктура, специјализираната агенција на ОН рече дека израелските сили „можеби систематски ги прекршиле принципите на разлика, пропорционалност и претпазливост при нападот“.

Во воздушната и копнената офанзива на Израел загинаа повеќе од 37.400 луѓе, според здравствените власти на територијата со која управува палестинската вооружена група Хамас.

Израел го започна својот напад откако борците на Хамас извршија напад преку границата на 7 октомври против градови и кибуци во јужен Израел, при што загинаа околу 1.200 луѓе и зедоа повеќе од 250 заложници.

Минатата недела, Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации соопшти дека убиството на цивили за време на израелската операција за ослободување на четворица заложници може да се смета за воено злосторство, но исто така посочи дека држењето на затвореници од страна на палестинските милитанти во густонаселените области е воено злосторство.