Политика

АА ги избра кандидатите за заменици министри за одбрана и земјоделие

19.06.2024 21:27

Раководството на Алијансата за Албанците, денеска одржа состанок на кој се разговараше за изборот на кадрите за идната Влада и едногласно ги избра кандидатите за заменици министри во новата Влада, кои ќе треба да ги изгласа Собранието...

Раководството на Алијансата за Албанците, денеска одржа состанок на кој се разговараше за изборот на кадрите за идната Влада и едногласно ги избра кандидатите за заменици министри во новата Влада, кои ќе треба да ги изгласа Собранието.

Од партијата информираат дека на денешниот состанок на раководството, кандидатите биле едногласно избрани.

Борбата против криминалот и корупцијата, европскиот пат на земјата и економскиот раст и благосостојбата на граѓаните се основните столбови на идната влада, велат од партијата.