Украина
Жестоки битки на украинскиот фронт
20.06.2024 09:03
Борбата продолжува на повеќе фронтови во Украина. Најжестоките битки се водат околу Часов Јар и во Харков...

Борбата продолжува на повеќе фронтови во Украина. Најжестоките битки се водат околу Часов Јар и во Харков. Во гранатирање целосно уништен клучен инфраструктурен објект во Запорожје.
Рускиот претседател Путин е во државна посета на Виетнам, откако претходно беше во Северна Кореја.
Двете земји потпишаа договор кој предвидува да си помогнат меѓусебно доколку некоја од нив биде нападната. Јужна Кореја истакна дека жали за договорот.
Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг вели дека зголемената блискост меѓу Русија и другите азиски земји значи дека е уште поважно НАТО да работи со сојузниците во Азија и Пацификот.
