Македонија

Кочанчани бараат дислокација на градската депонија

20.06.2024 09:43

Кочанската депонија кај село Бели чади со месеци, кочанчани дишат екстремно загаден воздух, загрозено е здравјето на сите што живеат во кочанската котлина. Граѓаните бараат од локалната власт итно санирање на проблемот и дислокација на депонијата која е лоцирана во непосредна близина на заштитеното осоговско подрачје…

Кочанската депонија каде се одлага отпад од четири општини, неколку месеци чади скоро секојдневно и го загрозува здравјето на кочанчани. Невладината Грин ОРГ организираше протест заради инертноста на надлежните за решавање на долгогодишниот проблем

Проблемот најсилно го чувствуваат жителите на село Бели, лоцирано близу депонијата. Локалната власт не покажува политичка волја да бара решение, вели советничката од Левица.

Од денес во Кочани почнува граѓанската иницијатива за собирање потписи за дислокација на депонијата.

Славица Величковска