Дванаесет пожари на отворено во изминатото деноноќие
Пожари имало во Валандовско, кај село Марвинци и кај с. Чалаклија каде горела ниска вегетација, во Шуто Оризари имало запалена ниска вегетација и отпад, во Чаир горело ѓубре, во Кичево кај с. Цер ниска вегетација и габер, а кај стрелиштето „Пенуш“ во Штипско биле се опожарени ниска вегетација и грмушки.

Дванаесет пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие, и сите се изгаснати, соопштуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Пожари имало во Валандовско, кај село Марвинци и кај с. Чалаклија каде горела ниска вегетација, во Шуто Оризари имало запалена ниска вегетација и отпад, во Чаир горело ѓубре, во Кичево кај с. Цер ниска вегетација и габер, а кај стрелиштето „Пенуш“ во Штипско биле се опожарени ниска вегетација и грмушки.
Два пожара имало во Битола, во населбата „Баир“ (ниска вегетација) и кај с. Алинци (ниска вегетација), во Долнени кај с. Сенокос горело жито, во Прилеп ниска вегетација, во Куманово кај Железничка станица се изгорени ниска вегетација и прагови, а во Општина Струга кај населбата „Езерски Лозја“ е опожарена ниска вегетација.
