Зачестени интервенции на итната помош: Хронично болните најмногу страдаат од топлото време
Зголемен бројот на повици до итната медицинска помош. Топлото време најмногу им пречи на хронично болните. Од таму велат не треба да се крева паника, граѓаните да ги почитуваат мерките кои секоја година ги препорачуваат надлежните институции. Од Црвениот крст од утре 40 волонтери ќе кружат низ цела територија на главниот град и низ поголемите градови во државава...

Од 90 до 120 интервенции за 24 часа. Телефонските повици до итната медицинска помош зачестија.
„Најчесто ни се јавуваат болните од мозочните удари, лесно зголемување меѓутоа тоа не е никаква паника алармантна, срцевите болни, инфарктите и високиот крвен притисок, колапси дневно два до три, тоа е и очекувано за овој период, сообраќајки...“, вели Карабашев Василаки од Итна медицинска помош.
Докторите велат нема место за паника, хронично болните да ги слушаат препораките од матичните лекари, да ја земаат препишаната терапија... Да се следат мерките кои се препорачуваат од здравствените работници.
Да се конзумираат повеќе течности, да се јаде лесна храна, да се носи светла облека... Ова се само дел од мерките кои надлежните институции ги препорачуваат за овој пеиод од годината.
Од утре мобилни тимови на Црвениот крст со пет возила ќе кружат низ улиците на главниот град. 40 волонтери ќе им помагаат на граѓаните.
„Тие се обучени да даваат прва помош, ти се парамедици, мерење на крвниот притисок, транспорт на изнемоштени и стари лица“ , изјави Сузана Тунева Пауновска од Црвен крст на РМ.
Волонтерите од Црвениот крст ќе даваат и вода на граѓаните и флаери со совети како да се заштитат од од топлотен бран.
Ана Јосифоска- Тодоровска
