Русија

По Северна Кореја, Путин пристигна и во Виетнам

20.06.2024 11:34

Рускиот претседател Путин е во државна посета на Виетнам, откако претходно беше во Северна Кореја...

Рускиот претседател Путин е во државна посета на Виетнам, откако претходно беше во Северна Кореја.

Двете земји потпишаа договор кој предвидува да си помогнат меѓусебно доколку некоја од нив биде нападната.

Зголемената блискост меѓу Русија и другите азиски земји значи дека е уште поважно НАТО да работи со сојузниците во Азија и Пацификот, став на Генералниот секретар Столтенберг.

Загриженост за договорот меѓу Пјонгјанг и Москва искажаа Токио и Сеул. Воздухопловните сили на САД и Јужна Кореја одржаа воздушни вежби. Тензиите на Корејскиот полуостров се на највисоко ниво во последните години.