Црна Гора
Експлозија во Цетиње, двајца загинати, тројца повредени
20.06.2024 11:51
Две лица загинаа, а тројца се повредени утрово во Цетиње, откако пред Спортски центар била активирана експлозивна направа...

Две лица загинаа, а тројца се повредени утрово во Цетиње, откако пред Спортски центар била активирана експлозивна направа.
Едно лице загинало на местото на нападот. Според извор од врвот на полициската управа, второто лице им подлегнало подоцна на повредите.
Според информации од локалните медиуми двете лица биле членови на криминалниот шкаљарски клан.
На терен се голем број полициски службеници, во тек е увид. Од силината на експлозијата искршени се стаклата на зградата на Спортскиот центар.
