Македонија

Мицкоски бара измени на Законот за енергетика за да не поскапи струјата

20.06.2024 12:31

Мицкоски изјави дека со предлогот кој е доставен да се донесе по скратена постапка, цената на електричната енергија нема да се зголеми за првата и втората група потрошувачи, додека за третата и четвртата тарифна група зголемувањето ќе биде од 1 до 2 проценти.

Мандатарот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со група пратеници достави до Собранието предлог-закон за измени на Законот за енергетика. Со предложените измени треба да се овозможи да нема зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, за кои се подготвува нов ценовник од 1-ви јули, рече Мицкоски на прес-конференцијата.

Мицкоски изјави дека со предлогот кој е доставен да се донесе по скратена постапка, цената на електричната енергија нема да се зголеми за првата и втората група потрошувачи, додека за третата и четвртата тарифна група зголемувањето ќе биде од 1 до 2 проценти.

Мицкоски очекува предлог измените да се најдат на пленарна седница веднаш по изборот на новата влада.