Охрид, Струга и Скопје на мапата на белгиските туристи

30.06.2014 17:25

Туристите од државите на Бенелкус се сè повеќе заитересирани да ја посетат Македонија. Природни убавини и богата историја се причините што нашата држава е на мапата на тур-операторите во Белгија...

Охрид и Струга се дестинациите кои ова лето ги нудат туристичките агенции во Белгија, но има интерес да се види и главниот град. Засега, аранжманите на клиентите им  се нудат индивидудално. И оваа година не се предвидени групни посети.

„Ова е прва година како Македонија ја нудиме на нашите клиенти. Имаме два лета неделно во Македонија и нудиме шест хотели. Не е голема понуда, но ова е само почеток“, вели Паскал Колард, тур оператор Џет-ер.

„Луѓето прашуваат, но не многу, ние штотуку почнуваме да ја нудиме Македонија како туристичка дестинација, полека, но се движеме“, додава Колард.  

Македонската телевизија ги праша граѓаните на Брисел дали досега ја посетиле Македонија и што знаат за нашата држава.

„Александар Велики, тој е од Македонија. Тоа е се што знам... Сум била таму на одмор пред 19 години... Не сум бил, но секако е следна дестинација на моите патувања. После војната, остана во нашата перцепција дека мора да ја посетиме. Јас сум Шпанец и ја чуствувам како блиска земја. За нас е многу добра дестинација... Знам дека не е скапо, Таму можеш да поминеш добар одмор. Знаеме за Македонија преку рекалмите на Телевизија. Мислам дека Македонија е преубава земја и треба да ја посетиме“, велат случајно анкетираните граѓани.

Туристите од државите на Бенелкус се сè повеќе заитересирани да ја посетат Македонија. Природни убавини и богата историја се причините што нашата држава е на мапата на тур-операторите во Белгија.

Минатата недела Македонија се најде во 8-те топ дестиниции на светските туристички сајтови.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ