Вонреден инспекциски надзор за починатото бебе
Зумрета и Драгољуб, родители на новороденчето коешто во саботата почина во Битолската болница веќе шест дена живеат со силна емотивна болка, но и со голема надеж дека ќе дојдат до вистински одговори зошто нивното живородено чедо почина по 24 часа. Тие се надеваат дека ќе дојдат до правда, но и конечно ќе се намали бројот на починати новороденчиња по раѓањето...

Зумрета и Драгољуб од Ресен, родители на починатото бебе во Битолската болница веќе шести ден живеат со силна емотивна болка и голема надеж дека ќе дојдат до вистината за тоа, зошто нивното здраво живородено бебе почина по еден ден?
Гинеколозите наведуваат дека на пациентката ова и била трета неуредно контролирана бременост. Како податок е наведено и тоа дека Зумрета боледува од бронхијална астма.
Очајниот татко Драгољуб очекува правда и вистински одговор, зошто дојде со влошување на состојбата на неговото живородено чедо, но и зошто за тоа бил според него, бил доцна известен.
Телото на починатото новороденче е дадено на обдукција на одделението за патолошка анатомија со хистологија, но ќе потрае одреден период за да се дојде до првичните сознанија.
Обвинителството ги презема сите дејствија за испитување на причините на смртта, а според неофицијални податоци вчера Битолската болница ја посетил вонреден инспекциски надзор.
Ружица Ѓоршевска
