Алармантно расте бројот на заболени со канцер, покажуваат податоците на ИЈЗ
Институтот за јавно здравје ги сумира бројките за новозаболени со канцер за 2022 и 2023 година. Податоците за жал покажуваат дека 7.000 граѓани годишно стануваат пациенти и се лекуваат од некој вид на рак. Пред да го објават конечниот извештај ќе проверат да не е регистриран некој пациент двапати, но тоа е малку веројатно…

Докторката Вјолца Речица од Институтот за јавно здравје го води регистарот на малигни заболувања во земјава. Со колегите ги проверуваат бројките за 2022 и 2023 година, да не се брои некој пациент двапати, но вели состојбата е алармантна, 7.000 граѓани годишно стануваат пациенти и се лекуваат од некој вид на рак. Најчесто на белите дробови, дојка, дебело црево.
За некои канцери причина се бактерии и вируси, на пример хеликобактер пилори може да биде причина за канцер на желудник, за цервикалниот карцином причина е ХПВ. Но, и аерозагадувањето и зрачењето ги менуваат ДНК клетките и може да се јават малигни неоплазми.
Докторката Речица вели-потребни се податоци не само колку пациенти има, туку и во кој стадиум се откриени, потребни се статистички податоци за процесот на лекување, да е види дали терапијата и третманот се добри како и процент на смртност. Но, не само за пациенти дијагностицирани и лекувани во јавното здравство, туку и оние во приватните здравствени установи. Сè тоа, вели е потребно за здравствените власти да преземат мерки за грижа на населението.
Наташа Јанчиќ-Менковски
