Почна договорањето за пченицата, земјоделците очекуваат повисоки цени од лани

01.07.2014 09:55

Почна договорањето за новото производство на пченицата. Проценките се дека родот годинава ќе изнесува од 2,7 до 3 тони по хектар, а земјоделците очекуваат повисоки откупни цени од ланските...

Почна жетвата и пазарењето. Ќе добијат ли земјоделците повисоки откупни цени за пченицата и за родот кој се проценува дека ќе биде поголем и поквалитетен од ланскиот.

И земјоделците и мелничко пекарската индустрија очекуваат помош од институциите за поголеми количества на откупена домашна пченица.

Надлежното министерство се обврза да го направи договорот прифатлив и за двете страни.

Исто така ќе има и засилени контроли на инспекторите на граничните премини и на внатрешниот пазар за спречување на увоз на неквалитетно брашно и пченица, и за примена на пропишаните правила за откуп.

 

Методија Трајков