Регион
Вучиќ и Курти ќе се сретнат на 26-ти јуни во Брисел
20.06.2024 20:05
Ова ќе биде прва средба на највисоко политичко ниво годинава...

Лидерите на Србија и на Косово ќе се сретнат на 26-ти јуни во Брисел, потврди портпаролот на Европската унија Петер Стано.
Ова ќе биде прва средба на највисоко политичко ниво годинава. Средбата се одржува во рамки на дијалогот за нормализација на односите, а домаќини ќе бидат шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел и специјалниот европски пратеник за дијалогот, Мирослав Лајчак.
