Украина

Зеленски: Украина е способна да ги победи руските империјални амбиции

21.06.2024 09:19

Зеленски ѝ се заблагодари на Романија за одлуката да го префрли системот „Патриот' во Украина, додавајќи дека неговиот тим работи за да обезбеди испорака на уште неколку „Патриоти“.

Претседателот Зеленски вели дека Украина е способна да ги победи руските империјални амбиции. И се заблагодари на Романија за одлуката да го префрли системот „Патриот' во Украина, додавајќи дека неговиот тим работи за да обезбеди испорака на уште неколку „Патриоти“.

„И благодарам на Романија за одлуката – ова е навистина моќен чекор. Како резултат на тоа, ќе има поголема безбедност во целиот наш регион, за сите наши соседи, за Молдавија, за балтичките земји, за Романија“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Генералштабот на Украина наведува дека вчера имало повеќе од 47 борбени престрелки со руските војници.