Македонија

Законот за за облигациони односи под лупа на Уставен

21.06.2024 09:25

Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за облигациони односи, а со привремена мерка повторно дозволи долговите да застаруваат за 10, а не како досега по пет години.

Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за облигациони односи, а со привремена мерка повторно дозволи долговите да застаруваат за 10, а не како досега по пет години. Предлогот дојде од Павловска-Данева, а на ист став беа уште неколкумина судии.

Законот ги привилегирал неплаќачите, на штета на останатите граѓани. Истиот закон пред Уставен беше и во јануари, ама тогаш судот не поведе постапка.

Иако законот беше донесен во јули лани, извршителите одбиваа да го применат, а граѓаните ги препраќаа преку суд да бараат бришење на долгот или одблокирање на сметката.