Пристаништето изградено од американската војска во Газа повторно доставува хуманитарна помош
Пентагон потврди дека пристаништето изградено од американската војска во Газа, повторно доставува хуманитарна помош откако изминатата недела беше отстрането по втор пат поради немирното море...

Пентагон потврди дека пристаништето изградено од американската војска во Газа, повторно доставува хуманитарна помош откако изминатата недела беше отстрането по втор пат поради немирното море.
„Можам да потврдам дека персоналот на Централната команда на САД повторно го закотви и воспостави привремено пристаниште до плажата Газа, вчера. Како што беше случајот во минатото, инженерите на израелските одбранбени сили ја обезбедија сета неопходна поддршка за да се обезбеди поставување на пристаништето. Трансферот на хуманитарна помош од Кипар во Газа е обновен, изјави Генерал-мајор Пат Рајдер, портпарол на Пентагон.
Израелците на нов протест пред резиденцијата на премиерот Нетанјаху во Ерусалим. Бараат нови избори и ослободување на сите заложници што ги држи Хамас. Ја обвинија владата дека политичките интереси ги става пред граѓаните. Израелскиот премиер тврди дека нема да се откаже од Газа сè додека сите заложници не се вратат дома.
