САД

Најмалку четири лица загинаа во налет на бурата Алберто што го погоди Мексиканскиот залив

21.06.2024 09:46

Алберто поттикна предупредувања за тропска бура во поголем дел од крајбрежјето на западниот дел на Мексиканскиот Залив, од Тексас до Веракруз...

Најмалку четири лица загинаа во налет на бурата Алберто што го погоди Мексиканскиот залив. Бурата донесе изобилни дождов. Алберто поттикна предупредувања за тропска бура во поголем дел од крајбрежјето на западниот дел на Мексиканскиот Залив, од Тексас до Веракруз.

„Видовме како нивното на водата опаѓа. Ова е одлична вест. За жал, имавме неколку фатални несреќи, но и таа штета е минимална со оглед на интензитетот на дождовите“, изјави Хуан Игнасио Бараган, директор на Агенцијата за вода и одводнување Нуево Леон.

Синоптичарите предупредија дека овогодишната сезона на урагани во Атлантикот најверојатно ќе биде многу активна поради влијанијата од временскиот модел Ла Нина и потоплата вода во океаните.