Констатирани оставките на двајца членови на Лустрациска
Со двотретинско мнозинство, вклучувајќи ја и опозицијата...

По неколку неуспешни обиди,во Собранието обезбедено потребното двотретинско мнозинство за прифаќање на оставките на членовите на Лустрациска,Благоја Гешовски и Јанаќе Витановски.На еден месец пред истекот на мандатот на целиот состав на Комисијата за верификација,СДСМ потврди дека нема да номинира нови претставници.Според Игор Ивановски,процесот на лустрација бил политичка сатанизација на неистомислениците.
-,,Целокупната одговорност од почетокот до сега и во иднина за овој процес,паѓа исклучиво на ВМРО-ДПМНЕ,,истакна координаторот на пратеничката група на СДСМ,Игор Ивановски.
СДСМ во континуитет дава отпор на процесот на лустрацијата,возвратија од владејачката партија.Македонија има обврска за спроведувањето во согласност со препораките на меѓународните институции.
Отпорот што го дава СДСМ е всушност отпор што притаено го повторува 20 години.Лустрацијата е обврска од Советот на Европа и од Европскиот парламент.Тоа е процес што е спроведен во сите европски држави,велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на Собраниската комисија за избори и именувања Илија Димовски до спикерот Вељаноски достави предлог на првата наредна пленарна седница на дневниот ред да биде конкурсот за нов состав на Лустрациска. На 15-ти јануари наредната година завршува 5-годишниот мандат на Комисијата за верификација на фактите. Досега се лустрирани 115 носители на јавни функции,академици,соработници на тајните служби.
Милчо Велески
