НАТО
Марк Руте водечки кандидат за нов генерален секретар на НАТО
21.06.2024 09:48
Руте се смета за жесток критичар на рускиот претседател Путин и верен сојузник на Украина...

Во текот на повеќе од десетина години на врвот на холандската политика, Марк Руте сега е водечки кандидат за нов генерален секретар на НАТО.
Руте се смета за жесток критичар на рускиот претседател Путин и верен сојузник на Украина.
Живее во Хаг, а неколку пати изјави дека војната во Украина го поттикнала да се одлучи да се кандидира за оваа меѓународна функција.
