Нетанјаху не се откажува од Газа, сè додека сите заложници не се вратат дома
Тензиите на Блискиот Исток не се смируваат. Неопходно е да се избегне натамошна ескалација во Либан во услови на конфликт во Појасот Газа, соопшти Стејт департменто. Се бара дипломатско решение. Израелците повторно на протести…

Израелците на нов протест, бараат избори и ослободување на сите заложници што ги држи Хамас. Ја обвинија владата дека ги става политичките интереси пред граѓаните. Израелскиот премиер тврди дека нема да се откаже од Газа, сè додека сите заложници не се вратат дома.
„Нема да го напуштиме Појасот Газа додека не ги вратиме сите наши заложници – и живите и мртвите. Ние ја извршуваме оваа мисија и многу други мисии, и засега е подобро да молчиме за тоа“, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.
Белата куќа разочарана од критиките на Нетанјаху кон САД, објавени во видеоснимка во која вели дека е незамисливо одбивање на испораките на оружје и муниција од САД за Израел во последните месеци.
„Разочарувачки, особено имајќи предвид дека ниту една друга земја не прави повеќе за да му помогне на Израел да се одбрани од заканата од Хамас. На нашите израелски колеги многу јасно им ставивме до знаење, дека сме разочарани од изјавите и нашата загриженост за точноста во изјавите“, изјави Џон Кирби, Совет за национална безбедност на Белата куќа
Канцеларијата за човекови права на ООН нотираше шест израелски напади врз Газа како можни злосторства против човештвото. Пентагон потврди дека пристаништето изградено од американската војска во Газа повторно доставува хуманитарна помош откако изминатата недела беше вторпат отстрането поради немирното море.
„Како што беше случајот во минатото, инженерите на израелските одбранбени сили ја обезбедија сета неопходна поддршка за да се обезбеди поставување на пристаништето. Трансферот на хуманитарна помош од Кипар во Газа е обновен“, информираше генерал-мајор Пат Рајдер, портпарол на Пентагон.
Неопходно е да се избегне натамошна ескалација во Либан во услови на конфликт во Појасот Газа, соопшти Стејт департментот. Реакцијата следува во време на тензии на Блискиот Исток и заканите од Хезболах дека ќе го нападнат Израел доколку ги спроведе плановите за офанзива во Либан. киднапираа над 250 лица.
Маријана Димовска
