Фискална децентрализација на општините за рамномерен регионален развој
Македонија станува моноцентрична држава, околу третина од населението живее во Скопје и овде се создава над 45 насто од бруто домашниот производ, додека помалите градови и селата се запустуваат. За да се смени тоа, потребна е фискална децентрализација на општините и поголем процент од даноците да остануваат во општинските буџети…

Потребни се законски измени за општините да добиваат поголем дел од данокот на доход и данокот на додадена вредност, за да имаат средства за капитални инвестиции и исполнување на услужните дејности, смета професор Борче Треновски. Во спротивно веќе имаме опустошени села и пренаселен главен град.
Општините одамна бараат поголем поврат на даноците од државната во општинските каси.
Во одлучувањето каде да се трошат општинските пари треба да има поголема граѓанска вклученост, а помалку политика.
Капиталните инвестиции реализирани од општините се поефикасни од инвестициите на централната власт, покажаа истражувањата во рамки на проектот за зајакнување на локалната демократија.
Славица Величковска
