Центарот за управување со кризи

ЦУК: 15 пожари на отворено во последното деноноќие

21.06.2024 11:09

Центарот за управување со кризи информира дека имало вкупно 2.072 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 64,43%. Од 15 пожари на отворено, активен е само еден...

Центарот за управување со кризи информира дека имало вкупно 2.072 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 64,43%, а 35,57% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 64,65%, кон Итната медицинска помош 24,14%, a кон пожарникарите 6,32%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 856 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (4,89%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (35,57%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Во последното деноноќие регистрирани се 15 пожари на отворено и од нив активен се води само уште еден на место викано Рамнин, стои во соопштението на ЦУК.