ТУРЦИЈА
Шумски пожари во југоисточна Турција, има загинати и повредени
21.06.2024 11:20
Здравствените власти велат дека десетмина се хоспитализирани со тешки повреди...

Најмалку пет лица загинаа, а десетици се повредени, во шумските пожари што во текот на ноќта зафатија неколку села во југоисточна Турција. Здравствените власти велат дека десетмина се хоспитализирани со тешки повреди.
Во гаснењето на пожарот интервенирале 41 возило и 150 луѓе.
