Путин размислува за промена на нуклеарната доктрина
Ескалира нуклеарната реторика. За време на државната посета на Виетнам, рускиот претседател Путин истакна дека размислува за промена на нуклеарната доктрина поради развојот на нуклеарни направи со ниска експлозија од страна на противниците...

Ескалира нуклеарната реторика. Рускиот претседател Путин вели дека размислува за промена на нуклеарната доктрина поради развојот на нуклеарни направи со ниска експлозија од страна на противниците. Ова беше истакнато за време на државната посета на Виетнам, ден по посетата на Северна Кореја, каде со лидерот Ким Џонг Ун потпиша договор за заемна воена помош во случај на агресија.
Извештајот на Институтот за мировни истражувања во Стокхолм објавен месецов, предупреди на зголеменото ширење на нуклеарното оружје и намалено темпо на спроведување на проектот за контрола на нуклеарното вооружување. Вашингтон и Москва поседуваат приближно 90 насто од светското нуклеарно оружје.
