Куманово

Се изнесува сметот од Куманово, општината и жителите постигнаа договор

21.06.2024 11:50

Жителите на трите кумановски села и Општина Куманово постигнаа договор. Камионите на ЈП „Чистота и зеленило“ почнаа да го изнесуваат сметот од градот...

Жителите на трите кумановски села и Општина Куманово постигнаа договор. По два дена блокада на депонијата Краста, камионите на ЈП „Чистота и зеленило“ почнаа да го изнесуваат сметот од градот.

За понеделник е закажан состанок со кумановскиот градоначалник и месното население на кое ќе се дефинира договорот.

Проблемот со сметот во Куманово се јави откако жителите на Пчиња и околните села го блокираа влезот на единствената депонија, по големиот пожар кој трае неколку дена. Тие бараат дислокација на депонијата, бидејќи го загадува нивниот регион.