Охрид

Успешно извлечен повреден холандски турист кај охридско Елшани

21.06.2024 12:06

Регионалниот ЦУК Охрид, извести дека вчера Планинарска спасителна служба од 13.40 до 15.00 часот, имала спасителна акција на територија на Општина Охрид...

Регионалниот ЦУК Охрид, извести дека вчера Планинарска спасителна служба од 13.40 до 15.00 часот, имала спасителна акција на територија на Општина Охрид.

Конкретно, извршено е извлекување на повредено лице од околината на село Елшани кое имало скршеница на нога и е предадено на екипа од Итната медицинска помош од Охрид. Според информациите се работи за холандски турист.

Лицето е пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошен третман.