За осум години кршење санкции казна од 9 милијарди долари
Американското Министерство за правда утврдило намерно прикривање на илјадници трансакции со ирански и судански банки, како и со Мијанмар и Куба во периодот од 2004 до 2012-та...

Француската банка БНП Парибас е прогласена во САД за виновна поради кршење на санкциите воведени кон Иран, Судан и други земји.
Затоа таа ќе мора да плати казна од рекордни 8,9 милијарди долари, а ќе отпушти и 13 вработени инволвирани во кршењето на санкциите. Американското Министерство за правда утврдило намерно прикривање на илјадници трансакции со ирански и судански банки, како и со Мијанмар и Куба во периодот од 2004 до 2012-та.
Ова е убедливо највисока казна изречена од Министерството за правда на САД поради кршење економски санкции, во што била вклучена и некоја банка.
Банката БНП ја прифатила казната и изразила жалење поради утврдените неправилности.
Свето Николовски
