Гранични премини
Зголемена фреквенција за излез од државата, најголемиот метеж на Богородица
21.06.2024 12:15
На граничните премини Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце има зголемена фреквенција за излез од државата...

На граничните премини Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце има зголемена фреквенција за излез од државата. Времето на чекање во просек е околу 30 – 45 минути, велат од АМСМ.
Според камерите од граничните премини најголемиот метеж е на Богородица кон Грција, каде што се чека подолго. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
