Македонија
Агелер ја поздрави најавата на Мицкоски дека ќе го користи уставното име
21.06.2024 12:54
Во интервју за „360 степени“, не сакаше да го коментира ставот на грчкиот премиер Мицотакис дека договорот од Преспа предвидува едно име за севкупна употреба, а не двојна формула...

Американската амбасадорка Агелер ја поздравува најавата на мандатарот Мицкоски дека при заклетвата како нов премиер, а и во настапите во странство, ќе го користи уставното име на земјава.
Во интервју за „360 Степени“, не сакаше да го коментира ставот на грчкиот премиер Мицотакис дека договорот од Преспа предвидува едно име за севкупна употреба, а не двојна формула.
