Паркови, водопади, езеро или море, спас за струмичани од жештините
Струмица по втор пат овој месец е во портокалова фаза на високи температури. Најголема раздвиженост по парковите, но има на водопадите и изворите на Беласица. Не е мал бројот на струмичани кои овој продолжен викенд го искористија за одмор во Дојран Охрид или Грција...

Парковите со дебели сенки, излетничко локалитети на планината Беласица и викенд населбата Суви Лаки на Огражден. Тоа се местата коишто струмичани ги користат за освежување и разладување на овие високи температури. Најмногу се посетуваат водопадите и изворите на Беласица, каде изминатиов период се инвестираше во нова инфраструктура и опрема
Улиците во Струмица речиси празни. Најмногу раздвиженост во парковите. Како се справуваат струмичани со температури околу 40-тиот целзиусов степен?
Лекарите и понатаму апелираат да се избегнува периодот, да се биде на отворено во периодот од 11 до 17 часот Да се користи лесна облека, но и да се пијат повеќе течности
Во Струмица деновиве се посетуваат и отворените базени, како и најблиските излетничко туристички места, како што е Дојран
Ване Трајков
